дома Балкан МИЛАНОВИЌ СО НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ, КОЛИНДА ВЕДНАШ ПОЗАДИ НЕГО: Првични неофицијални резултати од...

МИЛАНОВИЌ СО НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ, КОЛИНДА ВЕДНАШ ПОЗАДИ НЕГО: Првични неофицијални резултати од претседателските избори во Хрватска

Според првичните неофицијални резултати на Хрватската Државна изборна комисија, на претседателските избори, од пребројани 66,57 отсто од гласовите, во водство е Зоран Милановиќ за кого гласале 30,35 отсто од избирачите.

Втора според бројот на гласови и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ има освоени 27,32 отсто, а независниот кандидат Мирослав Шкоро со 23.52 отсто.

Пребројувањето на гласовите продолжува.