дома Македонија Миланов: Jaнакиески има повеќе cyдења од работни денови

Миланов: Jaнакиески има повеќе cyдења од работни денови

Одбраната на Миле Јанакиески од судот побара да му се редуцираат рочиштата, бидејќи се случува да има по неколку на ден, како што беше денеска.

Јанакиески има повеќе судења од работни денови. Има голем број расправи на кои треба да присуствува и да земе учество, рече адвокатот Еленко Миланов.

Судијата Илија Трпков објасни дека законот за кривична постапка не познава редуцирање на рочишта, но оти ќе биде во координација со другите судии за термимите во предметите каде е обвинет Јанакиески.