дома Социјални Мрежи МИЛЕВСКИ ДО ДИМИТРОВ: Од кога тоа бopба за земјата е да ѝ...

МИЛЕВСКИ ДО ДИМИТРОВ: Од кога тоа бopба за земјата е да ѝ го cмeниш личниот oпиc?

Граѓанскиот активист и бизнисмен Роберт Милески реагира на изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, за кого политиката е „чист идеал и борба за земјата“, па затоа нема време да ја тужи „Република“.

За Димитров политиката била чист идеал и борба за земјата. Да го прашам јас неколку прашања:

– Од кога тоа борба за земјата е да дојдеш на власт врз основа на лаги дека никогаш нема да го менувате уставното име и токму спротивното да го сторите?
– Од кога тоа борба за земјата е да не почитувате јасна волја на македонскиот народ преку пропаднатиот референдум?
– Од кога тоа борба за земјата е да уценувате пратеници и да се дрзнете дури да менувате кривичен законик за да ги натерате да ви гласаат уставни промени по ваш терк?
– Од кога тоа борба за земјата е да и го смениш личниот опис?
– Од кога тоа борба за земјата е да го предадеш сопствениот народ и целата негова мината борба?
– Од кога тоа е идеал да се потпише капитулација во која македонскиот народ се дефинира како вештачка творба од 1944-та без право на претходна историја како секој друг народ?
– Од кога тоа борба за земјата е да не знаеш на кој јазик зборуваат Македонците во Егејска Македонија?
– Од кога тоа борба за земјата е да се откажеш од македонските малцинства во соседните земји и со муртинскиот лажов да ги дефинираш како дијаспора?
– Од кога тоа борба за земјата е да не знаеш што е Гоце Делчев?
– Од кога тоа борба за земјата е да испраќаш дипломатска нота до Грција во која поимот Македонец го дефинираш исклучиво како државјанство?
– Од кога тоа борба за земјата е да им дадеш на соседите да ти ја пишуваат сопствената твоја историја но по нивна волја?
– Од кога тоа чист идеал и борба за земјата е да ја доведеш во потчинета положба спрема други земји?

Ах драг Никола, по ова што го гледам можам да ти кажам дека вие целосно сте одвоени од реалноста и нема кој тоа да ви го каже. Жалосно што нé снајде. Тенка е разликата помеѓу Никола Груевски и Никола Димитров, само тешко ти е да ја препознаеш сопствената мутација во она против кое што наводно се бореше, а се покажа дека е лажна борба за правда заради остварување сосема друга агенда. Срам и арам да ви е за тоа што сите нè излажавте која ви е всушност вистинската намера!

Еднаш ви кажав што рекол Ниче – кога се бориш со монструми постои опасност да се претвориш во она против кое што се бориш. Ги преминавте сите граници, Никола, сите!, му порача Милески на Димитров преку Фејсбук.