дома Македонија Милевски: Чекајќи го премиерот ќе дочекаме нови избори

Милевски: Чекајќи го премиерот ќе дочекаме нови избори

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски смета дека опстанокот на владата во овој момент зависи од БЕСА, која се закани со излегување од владата.

„Гледате најави од БЕСА дека парламентарното мнозинство е разнишано. Ако тоа се случи ние од денеска немаме влада. Чекајќи го премиерот ќе дочекаме нови избори. Како што мириса, натаму оди работата. Да го причекаме ставот на БЕСА, како што слушам најавиле прес конференција. Очигледно сѐ е во рацете на БЕСА“, вели Милевски.

Потсетуваме, ДИК прифати еден од двата приговори на ДУИ за Желино, општината во која кандидатот на БЕСА победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика, а сега може да дојде до прегласување на избирачкото место на кое се запишани 741 гласачи, а во вториот круг гласале 340.