April 25, 2024, 10:44 am

Милевски: Ќе има нова влада, 3aeв ocтавката ни ја најави по првиот круг и ќе ја реализира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

има нова влада. Не може да си замине премиерот, а да останат министрите бидејќи тие се на предлог на премиерот. Ќе има нова влада која ќе биде избрана во Собранието, изјави во гостувањето во Утрински брифинг претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Заминувањето на Заев, вели Милевски, е дефинитивно и тука нема сомнеж.

-Тоа е еден морален чин кој јавно го изнесе и од партијата и нема тука што да дебатираме на таа тема. Ја донев таа одлука, тоа го знаевме бидејќи ни го најави уште после првиот круг. Знам дека навистина тоа го мисли и тоа ќе го реализира. Доволно го познавам за да знам дали е тактика или искрено негово мислење, истакна Милевски.

Тој додаде дека Заев оставил простор дека името на новиот премиер е отворена тема и дека Заев истакнал дека ќе го слушне мислењето на коалиционите партнери.

-Името на премиерот не е толку важно, ако работите останат исти. Граѓаните ни кажаа дека вака не треба да се работи, треба да менуваме нешто во начинот на работа. Ако останат работите исти, тогаш нема причина да си дава оставка. Сметаме дека неговиот чин значи дека сака да се трансформира СДСМ и Владата. Ние на тоа даваме поддршка и да се даде шанса да се променат работите. Ако ова парламентарно мнозинство има искрени намери да се променат работите, тоа граѓаните ќе го видат. Ако сметаме дека ќе продолжиме на истиот начин тогаш казната ќе стигне на следните избори за кои мислам дека ако продолжиме вака ќе бидат порано од редовниот термин, смета Милевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This