Миленковски: Дојде времето за финалната битka на нашата генерација, битka по која Пробиштип ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат, патот на успехот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Маријан Миленковски, изјави дека е чест и гордост да се прифати предизвикот да се биде градоначалник на овој град.

„Огромна чест и гордост е да го прифатам овој пат исполнет со еден голем предизвик. А за кого го прифаќам овој предизвик, ако не за нашиот Пробиштип! И навистина, не ми е ниту најмалку желба утре да бидам градоначалник по шаблон (уште еден во низата „костуми„), туку важно ми е каде ќе оди овој град! Тоа ми е најважно“, вели Миленковски.

Миленковски нагласи дека мора да се врати градот на оние на кои им припаѓа, на граѓаните и да се решат проблемите на секој поединец со цел да се направи Пробиштип место каде штоо младите ја гледаат својата иднина.

„Зборував, зборувам и ќе продолжам да го зборувам тоа. Мора да го вратиме градот на тие што им припаѓа, да го вратиме на граѓаните. Да ги слушнеме и да пробаме да ги решиме проблемите на секој еден поединец! Луѓето кои со својата скромност и разочарување кое го носат во себе нема да дозволат повторно да бидат излажани од човекот кој на сите анализи и анкети, ама буквално на сите, има најголем негативен рејтинг за неговата работа и остварувања во последните 4 години. И само така и единствено со падот на хибридниот режим, кој во Пробиштип има име и презиме, само на тој начин Пробиштип може да блесне со неговиот скромен сјај. Друг момент за кој сакам сите заеднички да се заложиме е Пробиштип да биде град во кој младите луѓе ќе ја гледаат својата иднина, а не само како попатна станица за почетен развој“, ветува Миленковски.

„Дојде времето за финалната битка на нашата генерација, битка по која што Пробиштип, но и Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат, патот на успехот“, вели тој.

Миленковски изрази благодарност до сограѓаните за досегашната поддршка, какои благодарност на довербата и укажаната можност на извршниот комитет и претседателот Христијан Мицкоски!

„Одиме уште посилно до конечен пад на хибридниот режим!!! Обединети за промени, затоа што Пробиштип има сила, Пробиштип може и Пробиштип сака што поскоро оваа власт да замине во историјата. Пробиштип ќе биде град на сите луѓе!!!“, ветува Миленковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This