дома Македонија Миленковски: Затворен пазар во Злетово и решавање на проблемот со колекторскиот систем

Миленковски: Затворен пазар во Злетово и решавање на проблемот со колекторскиот систем

Мислеа дека се семоќни, но и покажавме дека не се најдобро за вас, рече кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Маријан Миленковски на вечерашниот митинг.

Според него требаше да им е јасно дека треба да работи градоначалникот секој ден 4 години.

„Затоа е време за промени, за нов тим кој ќе работи секој ден. Само за во Злетово имаме многу работа ќе направиме затворен пазар, ќе ја реконструираме главната улица Македонија, ќе го реконструираме фудбалското игралиште, ќе го решиме проблемот со колекторскиот систем. Промени и многу проекти ќе има не само во Злетово, туку и во Пробиштип. За сите ќе направиме по нешто”, рече Миленковски.

Тој укажа дека општината ќе биде тука за граѓаните.

„Во нареднбите 4 години општината ќе субвенционира јавен превоз од Злетово до Пробиштип, бидејќи вие го побаравте тоа”, рече Миленковски.

Тој укажа дека до промените остана уште малку.

„Остана уште многу малку, малку не дели до промените. Знам дека ви се закануваат, тие не ве почитуваат. Тоа не е дозволиво. Затоа во недела ќе ја добијат казната”, заклучи Миленковски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ