МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: За да изградат случај против мене, го глумат и Нострадамус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врз основа на три чуени збора Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се обидува да избилда случај на говор на омраза, тврди новинарот Миленко Неделковски за Дневник.

МИЛЕНКО ИНФОМка

-АВМУ оваа зима направи надзор на 7-8 мои емисии, кои беа емитувани во јануари и во февруари. Тоа е сторено по анонимна пријава дека во моите ТВ-емисии сум поттикнувал на насилство и сум ширел говор на омраза кон припадниците на ЛГБТ-заедницата во Македонија. Kако резултат на надзорот е изготвен извештај на 18 страници во кои самото Одделение за медиумска писменост двапати констатирало дека Миленко Неделковски не направил никакви прекршувања. За веднаш потоа да ме обвини дека поттикнувам насилство и ширам говор на омраза кон ЛГБТ-заедницата, вели Неделковски.

Тој тврди дека обвинувањето може да се опише како класично билдање случај.

-За да дојде до ваков заклучок и за да се избилда случај од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги користени се примери од англосаксоноското право, иако кај тоа воопшто не се применува тоа, туку исклучиво континенталното право. Исто така се повикуваат на некои примери од Норвешка и Словенија. Kористени се и наводи на невладини организации, кои сите до една се спонзорирани од Сорос. А тоа се истите активисти кои ја бојосуваа зградата на Зоран Трајчевски и агенцијата што ја предводи, објаснува Неделковски.

За извештајот со кој е обвинет од АВМУ, Неделковски е дециден дека е проблематичен од неколку други аспекти.

-Има најмалку три спорни моменти. Ме обвинуваат за формата, иако по правило оценката треба да се изгради врз основа на содржината на кажаното. Ме обвинуваат и за моите тези, а за тези последен пат се обвинувало и се судело во Советскиот Сојуз и тоа во времето на Берија. И уште како трето, наведуваат претпоставки. Се поставуваат како да се Нострадамус, па кажуваат што сум мислел и што сум сакал да кажам кога нешто сум рекол во емисијата. Па велат дека мојот говор бил всушност пресметка со моите политички неистомисленици. Би ги прашал кои се тие бидејќи за разлика од други, не се сум член на ниту една политичка партија. Уште повеќе што наведуваат дека таквиот говор бил насочен кон барем двајца евроамбасадори во земјава. На која партија тие припаѓаат за да бидат мои политички неистомисленици? Дали двајцата во Македонија престојувале како дипломати или, пак, како политички активисти или во Агенцијата за ова знаат нешто што не го знае јавноста, прашува Неделковски.

И АВМУ и Неделковски сите свои согледувања и аргументи за овој случај ги имаат објавено јавно на своите интернет-страница. Kонечната одлука треба да ја донесе Kомисијата за заштита од дискриминација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This