дома Актуелно МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ГО ПОДДРЖА УТРЕШНИОТ ПРОТЕСТ: Утре, сите имаме поголема задача од...

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ГО ПОДДРЖА УТРЕШНИОТ ПРОТЕСТ: Утре, сите имаме поголема задача од нашите ситни недоразбирања – да си ја одбраниме државата!

Утрешниот протест, без разлика колку се вие се согласувате или не, без разлика колку јас се согласувам со некого или не. Нашата задача е повисока од нас, повисока од нашите животчиња, нашата задача е да си ја вратиме државата, рече Миленко Неделковски во својот повик кој го објави на својата фан страница за утрешниот протест

 

 

„Како и досега што сум повикувал, како и досега што сум мислел и натаму го мислам истото. Без разлика на тоа од најразлични собири кој ќе профитира политички, финансиски, не знам како. Без разлика на тоа кој организира, кој не организира. Без разлика на нашите лични мали кавги, големи кавги, амбиции, недоразбирања, несакања, сакања. Без разлика на нашите ситни кариеристички потреби, желби, без разлика на сите наши односи. Сите ние, настрана од тие мали работи, имаме голема задача, една голема задача. А тоа е, да го срушиме овој фашистички, нацистички, апартхејдски систем на власт поставен на власт минатата година – нелегално, незаконски, неуставно, со пуч со помош на странски намесник кој се вика Џес Бејли, а одработен од домашен квислинг кој се вика Зоран Заев“ – повика Миленко Неделковски во видео порака објавена на неговата ФБ страница.