дома Политика Милески: Нудиме коалиција, нудиме проекти и личности кои ќе се борат за...

Милески: Нудиме коалиција, нудиме проекти и личности кои ќе се борат за интересот на граѓаните

На Китиното Кале во присуство на повеќе членови и симпатизери, вечерва беше промовирана советничката листа на коалицијата ДОМ и ЛДП. Пред присутните се обратија носителот на листата Игор Стојаноски, лидерите на ДОМ, Маја Морачанин и на ЛДП, Горан Милески.

Најпрво на присутните им се обрати носителот на листата од оваа коалиција Игор Стојаноски.
– Чувствувам огромна одговорност да го исполнам ветувањето на моите деца, дека ќе изнајдам начин да го направам Кичево подобро место за живеење. Во исто време и вам ви ветувам дека за прв пат ќе имате целосни и прецизни информации за работата на советот, за прв пат ќе бидете алармирани за штетните дејствија во Општина Кичево, рече Стојаноски.
Тој посочи дека ќе се заложи за решавање на проблемот со кучињата скитници и апелира до гласачите да излезат на избори и да гласаат за нив, сите оние кои сакаат да живеат во овој град.
Лидерот на партијата ДОМ, Маја Морачанин нагласи дека оваа коалиција е создадена за поубав живот на граѓаните во земјава.
– Движењето „Одлучно за промени“ го формиравме да овозможиме еден поубав живот во сите средини, како во градските така и во руралните средини. Сите граѓани заслужуваме да живееме поубаво, рече Морачанин и истакна дека советите не се само за исполнување на желбите на поединци.

Претседателката на ДОМ најави дека советниците на оваа коалиција ќе бидат „чувари“ на општините, ќе го чуваат општинскиот совет и ќе се грижат како да е поставен, бидејќи тоа се пари на сите граѓани.
Последен пред присутните се обрати претседателот на ЛДП, Горан Милески, кој им порача на гласачите дека оваа коалиција нуди личности кои ќе работат за нивен интерес и дека граѓаните на 17 октомври ќе си го кажат својот збор.
– Бидејќи се ова локални избори треба да се гласа за личност а не за партија, да се гласа за проекти а не слепо да се гласа за одредена политичка партија. Направивме листа од луѓе кои не членувале во политички партии, на прво место имаме еден успешен бизнисмен Игор Стојаноски, кој цел свој живот го поминал во приватниот сектор и не работел во јавната администрација, се она што го стварил го оставил во Кичево, рече Милески.
Тој посочи дека коалицијата со ДОМ се грижи за правична застапеност на граѓаните по пол и националност.
-Се собравме не има од сите националности има и млади има и жени, им дадовме шанса на младите луѓе да ги водат листите но и да бидат кандидати за градоначалници. На листите сме коалиција која има најголем број на кандидати за градоначалнички, другите се фалат за рамноправност, но не им се даде да предложат жени за градоначалнички, додаде лидерот на ЛДП