дома Македонија МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДАВА 25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ГАРАНЦИЈА: Екс-министерот ја дава куќата и...

МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДАВА 25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ГАРАНЦИЈА: Екс-министерот ја дава куќата и станот како гаранција дека нема да избега

Екс министерот Миле Јанакиески како гаранција дека нема да избега ја нуди својата куќа во Прилеп и еден стан, во вредност од околу 25 милиони денари.

Барањето за прифаќање на неговата гаранција, и укинување на притворот, неговите адвокати денеска го доставиле до Кривичнниот совет на Кривичниот суд.

Неодамна Апелација го одби барањето на Јанакиески за укинување на мерката притвор. Тој повеќе од 20 дена е во истражниот затвор “Скопје”.

Притворот му беше одреден по барање на СЈО во случајот Титаник, поради опасност од бегство.

 

Фокус.мк