April 23, 2024, 12:12 pm

Милошевски: Бас рапид транзитот на Шилегов може да ја ypне цела Железничка, целиот проект е опacност по бeзбедноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милош Милошевски, новинар и аналитичар во Инфомакс, во гостување во емисијата „Јади бурек“, зборуваше за ветните проекти на поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, кои не ја видоа светлината на денот.

Милошевски ги спомна четирите мостови, од кој само еден почна да се гради.

„Шилегов во својата програма има ветено четири моста дека ќе изгради во Скопје, и тунел под Кале кој ќе се поврзе со еден мост. Еден мост требаше кај Љубљанска, еден што ќе се поврзува со тунелот под Кале, еден кај Ѓорче и единствениот којшто почна да се гради е тој кај Аеродром, што треба да го спои Аеродром со Керамидница. Тој мост е веќе во завршна фаза, но тој мост завршува во куќа, кај некој во дневната дома. И не е решено ништо од тоа со експропријација. Им даваат на луѓето 400-500 евра. Реално, во Аеродром, во тој дел од градот цената на имотот е 1000 евра квадрат најмалце“, истакна Милошевски.

Тој го коментираше и Бас рапид системот, кој, насроти она што им се презентира на граѓаните, претставува само една одбележана лента за приоритетно движење на постојните коловози.

„Потоа, за Бас рапид системот, јас го гледав проектот, тоа е приоритетна лента, не е ниту метро, не е ниту трамвај на тркала. Па сега има со жолта лента одбележано. За БРС Шилегов добил заем од 70 000 евра, а има нерешен проблем со подземни магацини кај Транспортниот центар, како помошни објекти кај самата Железничка. Во самата анализа на БРС, пишува дека доколку се започне со овој проект, може да пропаднат овие магацини, бидејќи токму од таму треба да се почне со градбата. Дека носивоста на коловозот во тој дел не е доволна за да издржи ваков систем. Може да ја нарушат структурната безбедност и да пропадне цела улица. Може да пропадне цела Железничка.“, појасни Милошевски.

„Јас не верувам дека и да добиеше уште еден мадат, Шилегов ќе започнеше во наредната година дена со овој проект. Тоа е купи ден продај политика која што ја имаме и со струјата.. Тоа го прават изминативе пет годин. Се тера клучнната агенда која се однесува на некои геостратешки интереси на некои други држави. Дали станува збор за Договорот од Преспа, или за Договорот од Бугарија, сите отстапки коишто беа направени, да не се лажеме, беа за да се остватрат туѓи геостратешки интереси. Да не се лажеме дека нешто е направено, можеби Македонците ќе живеат подобро во иднина, но тоа не е целта, целта е туѓи геостратешки интереси. Они немаат друга политика, они програмата за живот, веројатно рекле, да седнеме, да ги напишеме најубавите работи, они така победија. Ние уште немаме 500 евра плата“, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This