дома Актуелно Милошевски: Годинава ќе остане запаметена по локалните избори бидејќи ја покажаа...

Милошевски: Годинава ќе остане запаметена по локалните избори бидејќи ја покажаа огромната потреба кај народот за промени

Во денешното гостување во емисијата „Јади Бурек“, новинарот од Инфомакс Милош Милошевски, коментирајќи ги настаните кои ја одбележаа годинава која изминува, посочи дека во Македонија, тоа дефинитивно се локалните избори.

За мене настан кој ја обележува оваа година дефинитивно е промената на локалната власт односно победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ повлекува многу работи во политиката во Македонија, ја повлече оваа оставка која Зоран Заев ја депонираше токму денес во Собранието. Тоа е настан кој за мене ја одбележува оваа година бидејќи се чувствува веќе кај народот оваа потреба за промени и за враќање на некоја доза на нормалност во општеството. Заев има исклучително кратка политичка кариера. Обично власта, односно политичарите кои доаѓале на власт се задржувале малку повеќе, биле малку повеќе присутни на политичката сцена, немаме човек кој во исто време поднел оставка од сите функции. Тоа е на некој начин преседан во Македонија“, истакна Милошевски.

Во светоски рамки, како што изјави тој, настан кој ја одбележа годината е дефинитивно пандемијата, која ги погоди безмалку сите земји во светот.

„На светски рамки настан кој ја одбележа годината е короната. Ја морам да потенцирам дека не е Македонија само што не се снајде во кризата, на прсти се бројат земјите кои што се снајдоа во кризата, бидејќи беше цензурирана целата научна дебата околу тој пат треба да го фати човештвото за да излезе од кризата. Сите карти беа фрлени на вакцината, која, како што изминува времето гледаме дека не го спречува ширењето на заразата“, вели Милошевски.