Милошевски: СДСМ го изгуби идеолошкиот правец во моментот кога Заев пред целата светска јавност кажа дека Бугарите го оcлободиле Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Партијата го изгуби идеолошкиот правец кога Заев излезе на БГнес и пред цела македонска, бугарска и светска јавност и кажа дека Бугарите го ослободиле Скопје“, изјави новинарот и аналитичар во Инфомакс, Милош Милошевски во ечерашното гостување во „Јади бурек“

Тоа беше моментот кога СДСМ во целост ја изгуби својата идеологија. Ние не можеме, ако Заев згрешил нешто, или пак Шекериснка, и да кажеме СДСМ се лоши, тоа би било на ниво на тоа што го кажа ЗАев, дека ќе се врати злото, дека луѓето што гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се злото.. Едноставно, членовите на СДСМ од кои голем број се од комунизмот, од комунистичка Југославија, имаат дедовци и баби и прадедовци и прабаби коишто биле партизани, не можат да поминат преку таа граница дека претседателот на партијата односно на неговиот став дека Бугарите го ослободиле Скопје и биле негова администрација. 99% од македонскиот народ не може да го прифати тоа, со исклучок на оние што зависат од некој тендер, од плата. Мене баба ми е родена и доена во бугарски затвор, дедо ми избегал од бугарски логор.. Колективната меморија не може да биде избришана“,

Милошевски посочи дека во моментот кога ќе биде изгубена суштината на партијата, тогаш веќе не постои партија.

„Јас сум зборувал со луѓе кои со години се членови на СДСМ и тие велат дека со доаѓањето на ЗАев партијата не пости, постои само формално, како партија заведена во регистарот на политичи партии. Но, душата, суштината, тие некои левичарски гледишта тие ги изгубиле. Не требаше Бранко да излезе да им каже…“, изјави Милошевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This