Милошевски: Странците го пуштија Заев низ вода кога сфатија дека повеќе им прави штeта отколку што им користи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коментирајќи ја поддршката на Зоран Заев од странските лидери, Милош Милошевски вечерва во „Јади бурек“ истакна дека таа за премиерот во оставка беше изгубена во моментот кога тој почна да го нарушува нивниот рејтинг во таа мера што штетата што ја правеше беше поголема од користа која ја имаа од него.

„Во моментот кога странците сфатија дека Заев повеќе негативно влијае на нивниот рејтинг отколку што им врши работа, тогаш го пуштија во вода. Тоа се случи поодамна. Ние гледаме поразителни анализи за држави како што се САД, Франција, Германија, во коишто македонскиот народ сѐ повеќе гледа непријател отколку пријател. И тоа во голем дел е резултат на поддршката што му ја дадоа на Заев во ова петгодишно владеење. Што се однесува до Радмила Шекеринска, таа е Малдини во политиката, она се пази, веќе е при крајот на политичката кариера и гледа да ја заврши достоинствено“, коментира Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This