дома Македонија Милошоски: Алтернатива во моментов е „Пола риба, пола девојка“

Милошоски: Алтернатива во моментов е „Пола риба, пола девојка“

Алтернатива во моментов е „пола девојка, пола риба“, изјави во емисијата „Патот кон…“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој подвлече дека Алтернатива постигнала договор со Заев да стане дел од владата, но се уште не е влезена во владата, пишува Алсат.

Притоа го повтори ставот на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ и СДСМ создаваат повеќе проблеми отколку што се залагаат за нивно решавање.

Немаме проблем да разговараме со Алтернативата, но проблемот е што човек не знае како да се позиционира. Тие во моменото се „пола девојка пола риба“. Зошто мислите така? „Затоа што постигнаа договор со Заев да станат дел од Владата, а се уште не влегле во Владата. И не сме сигурни колку таа влада ќе биде стабилна, дали ќе понуди вистински решенија, дали Алтернатива ќе го смени ставот дека ДУИ е проблем во државата и во Владата или можеби ќе станат попрагматични во нивната позиција, не знам. Но, ние не го сменивме ставот, сметаме дека ДУИ и СДСМ повеќе создаваат проблеми отколку што нудат решенија во овие години на криза“, рече Милошоски.