дома Македонија Милошоски: Власта само наоѓа изговори за неостварените ветувања кои ги имаат дадено...

Милошоски: Власта само наоѓа изговори за неостварените ветувања кои ги имаат дадено на граѓаните

Антонијо Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во емисијата „Топ тема“ појасни дека неговиот колега Зекири што говори дека власта била зафатена со избори и затоа не можеле да се посветат на ветувањата е смешно, бидејќи не само на национално туку и на локално ниво ништо немаат направено.

-Градоначалникот на Велес на пример или градаоначалникот на Прилеп, или на која било друга општина немал никаква работа со договорот од Преспа, ниту со референдумот, ниту би требало да има, не би било законски да има нешто да прави или да има влијание. Тие требало да се посветат на ветувањата кои ги имаат дадено на граѓаните, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека очигледно е дека тие дадени ветувања без разлика дали биле на локално или државно, национално ниво, ниво на здравство или образовани власта ништо не исполни.