дома Социјални Мрежи МИЛОШОСКИ ДО ПЕНДАРОВСКИ: Браво Стево

МИЛОШОСКИ ДО ПЕНДАРОВСКИ: Браво Стево

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски преку фејсбук статус му одговори на претседателот Стево Пендаровски, кој посочи дека професорката од правниот факултет Ана Чупеска не е никаков формален или неформален советник кај него, ниту во Кабинетот.

Проф Ана Чупеска говори за нејзината релација, соработка и близина со Претс. Стево Пендаровски: “независно од тоа дали ќе бидам формално ангажирана или не во Кабинетот ,како и до сега така и понатаму со задоволство ќе соработувам со него”!

Како и да е, го поздравувам ставот на Пендаровски дека италијанскиот министер за внатрешни работи не е клeeпто-фaaшист (како што го дефинира Проф Чупеска), и тоа што лично Пендаровски го потенцира “Салвини не е фaaшист, туку демократски избран политичар на италијанскиот народ во демократска и пријателска Италија”. Браво Стево! – напиша Милошоски на Фејсбук.