Милошоски: Елвис, Габриел и МВР има кражба, нема истрага

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинари открија дека Габриел и Елвис Бајрам во магацин од ГТЦ имаат голема “графичка фарма” за копање на биткоини, со многу компјутери кои трошат многу струја на ден, а “копаат” до 1М€ месечно. Но, струјата е на ГТЦ, платена заеднички од сите 300 дуќанџии во трговскиот.

Но, Габриел Бајрам е советник од листата на СДСМ во Град Скопје, а сопругата на Сашо Тасевски Директорот на БЈБ (МВР) е Претседател на одборот на директори на ГТЦ. Истата е и координатор на форум на жени на СДСМ Кисела Вода. Директорот на ГТЦ е истакнат активист на СДСМ во Скопје, вклучен во кампањата на поразениот Шилегов.

Затоа нема да има ни истрага, ни обвинение за овој скандал. Сметките за нелегално потрошената струја ќе ги платат граѓаните и сопствениците на приватните дуќани во ГТЦ!, пишува на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This