дома Социјални Мрежи Милошоски: Заев ги лaже граѓаните за хеликоптер за медицинска помош, додека...

Милошоски: Заев ги лaже граѓаните за хеликоптер за медицинска помош, додека лета со хеликоптер на нивни трошок

Пратеникот Антонијо Милошоски на социјалните мрежи реагираше на екскурзијата на премиерот Зоран Заев со хеликоптер до Прилеп и назад, што народот го чинеше 1.200.000 денари, потсетувајќи на ветувањето на премиерот од пред година ипол, кога тој вети два медицински хеликоптери за медицинска прва помош за пребарување и спасување.

„Лажгото од влада пред година ипол ги манипулираше граѓаните дека ќе имаат два хеликоптери за медицинска прва помош
За жал денес граѓаните имаат само здравствена несигурност, возат со часови до соседните држави за имунизација и секојдневно се борат за живот. Во меѓувреме Лажгото си лета со хеликоптерот на нивен трошок“, пишува Милошоски на својот фејсбук профил