March 29, 2024, 12:46 am

МИЛОШОСКИ: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко, со цел да ги убие или рани моите родители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После избориве, криминално-политичкото подземје кое се инспирира од “бомбите на мадатарот за Живот”, почна да поставува вистински бомби со закани по живот кон неистомислениците!,  напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

antonio-milososki

• Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на Татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и Татко ми и Мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи.

• Заканата кон Татко ми ја сметам за индиректна закана и притисок кон мене, поврзана со мојата политичка активност и мислење. Но, нема потклекнување, ниту повлекување. Борбата, со демократија, со говор, со став, со патриотизам за Татковината, ќе продолжи со несмален ентузијазам!
А за крими-политичкото подземје, една порака, не бидете удбашки кукавици, оставете ги на мира нашите стари, нашите жени и деца!
Да живее Македонија!

 

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This