дома Македонија Милошоски: Наместо од македонските министри, јавноста за новиот развој на настаните со...

Милошоски: Наместо од македонските министри, јавноста за новиот развој на настаните со Бугарија дознава од нивната министерка

Во согласност со член 185 на Деловникот на Собранието на Република Македонија, како согласно членот 6 од Законот за надворешни работи како матично тело за надворешна политика на Собранието предлог заклучокот би бил да се усвои peзолуција која што ќе го ocyди без основачкиот меморандум усвоен од страна на Бугарија како историски рафронизам спpoтивен на европските вредности и самовидноста на македонскиот народ како дел од европската културна заедница и како основна вредност за европски интерграции, ова како предлог денеска пратеникот Антонијо Милошоски сакаше да го даде на усвојување денес, доколку се одважеа да бидат присутни министерот Бујар Османи, Никола Димитров и пратениците од СДСМ и ДУИ.

-Очигледно Македонија е доведена во ситуација за, најновиот развој на настаните, нашите медиуми и пратениците во собранието да добиваат почесни информации од министерката за надворешни работи на Бугарија од колку од министрите кои ги гласало ова собрание што е голем нeдостаток во функционирањето на демократскиот систем на земјата, вели Милошоски.