Милошоски: Османи мoжe дa мeнyвa caмo cтaтyт нa ДУИ, мaкедонскиот Уcтaв нe e пpeдмeт нa пoткycypyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По денешната средба со туристички и здравствени работници во Охрид, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски даде изјава за медиуми. По изјавата за медиуми, Милошоски на новинарско прашање што смета за најавите на министерот Османи за промена на Уставот со цел да му се удоволи на источниот сосед одговори дека Османи може да коментира само промена на статут на ДУИ, а не промена на македонски Устав.

-Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови. Но како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија за да задоволи нечии големодржавни интереси, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This