дома Социјални Мрежи Милошоски: Повозрасни лекари буквално молат за вакцина, надлежните молчат

Милошоски: Повозрасни лекари буквално молат за вакцина, надлежните молчат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, уште еднаш ја посочи неспособноста на власта соодветно да се справи со здравствената криза и да ги заштити најранливите категории кои се најизложени на фаталните оследици од коронавирусот.

Милошоски сподели апел од лекар специјалист-интернист, кардиолог во ПЗО СРЦЕ, кој и покрај тоа што е здравствен работник на возраст од 65 години, два критериуми кои го ставаат во групата на лица со висок ризик, не е земен во предвид за вакцинирање. 

Д-р Николов преку јавен пост на фејсбук побара од министерот и колегите кои се предвидени за вакцинација, но се помалку изложени на ризик од него, доколку сакаат да му отстапат ред за вакцина.