дома Македонија МИЛОШОСКИ: СДСМ и ДУИ го прекршуваат Законот и продолжуваат да разрешуваат и...

МИЛОШОСКИ: СДСМ и ДУИ го прекршуваат Законот и продолжуваат да разрешуваат и именуваат директори на органи на државата

Антонио Милошоски посочи дека постои документ од предходната техничка влада  во која што учествувале ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и други политички партии кои што работеле на оддржување и  подготовка на изборите во 2016 година.

 

  • Таа Влада имала слични дилеми, поврзана дилема со назначување, разрешување или именување на државни функционери. За да ги расчисти тие дилеми согласно законот , таа Влада заеднички, каде што имало претставници од вашата партија и од СДСМ, и од мојата партија и од други политички партии испратиле неколку прашања и барања за одговор до државната комисија за спречување на корупцијата. Едно од прашањата било. Дали за време на Избори и за после од денот на донесување на одлука за распишување на Избори, што може да разрешува а што може да се именува во државата ? Одговорот бил следен: oд  денот на донесување на одлука за распишување на избори до завршување на изборот и на самите избори, постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат директори на органи на државна управа и други државни институции за кои што владата има надлежност. Освен во случаите каде што владата има мандат е завршен при што може да се именува вршител на должност рече Милошоски

 

Милошоски напомена дека ако изборот важи за Владата треба да важи и за Собранието.

 

  • Ако некои постапки кои за именување на функционери се поврзани и со владата како предлагачи и со собранието како одлучувач , тогаш и овој пат треба да го имаме и тоа во предвид. И ако ги почитувале министрите на ВМРО и СДС и на ДУИ законите во однос на изборниот законик за предходните парламентарни избори, треба и ова собрание да го почитува законот бидејќи веќе се распишани Локални избори додаде Милошоски