дома Македонија МИЛОШОСКИ ПО СРЕДБАТА СО ХАН: Нудиме две решенија – малцинска влада или...

МИЛОШОСКИ ПО СРЕДБАТА СО ХАН: Нудиме две решенија – малцинска влада или брзи избори заедно со локалните!

Како партија ние понудивме две решенија, едното решение е дека доколку Заев смета дека треба да се реализира неговата програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но мора да се откаже од Тиранската платформа. Исто така ВМРО-ДПМНЕ му нуди и брзо решавање на кризата со нови брзи избори заедно со локалните, вели Антонио Милошоски во вестите на Сител вечерва веднаш по средбата со Хан.

-Следната работа за што разговаравме вечерва е околу СЈО и околу мешањето на СЈО во медиумите кои не се под нивна контрола, додека третата тема за која разговаравме е околу националните прашања и околу соседите. Никој не може да решава за државата доколку не бидат прашани мнозинството граѓани во Македонија, порача Милошоски.

-Со Хан разговараме за некои прашања кои беа актуелни овие месеци, ние бевме директни и кажавме дека Македонија е отворена за да ги отпочне преговорите за ЕУ уште од 2009-та година, но ние сме блокирани сиве овие години и било какви уцени и преговори стануваат ирелевантни во моментов бидејќи Македонија чека од 2009-та година, а некој упорно не блокира. На крајот од средбата се говореше за последните избори и случувања во Македонија и притисокот кои го вршат за формирање на влада. Принципот прифатен од ЕУ во 2008-та година за коалицирање на победниците од двата блока едниот од Македонскиот и другиот од Албанскиот блок секако дека не е испочитуван и е прекршен, изјави Милошоски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ му понудило решенија едната е малцинска влада, другиот е предвремени парламентарни избори.

-Хан истовремено предложи дека дијалогот треба да продолжи и дека сите треба да ги стават интересите на државата на прво место и затоа сме свесни дека треба да се задржат интересите на државата, а не да се воведуваат туѓи платформи од туѓи држави во нашата. Она што беше спомената од страна на Хан беше и неговата загриженост за масовноста од протесите за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и дека тие протести би можело да донесат некакви тензии, но од наша страна беше потенцирано дека тоа нема да се случи бидејќи овој народ има своја зрелост и мотив за да го искаже своето мислење, рече Милошоски.