дома Македонија (Видео)МИЛОШОСКИ СЕ ЈАВИ ДИРЕКТНО ОД БРИСЕЛ СО ЕКСКЛУЗИВНА ИНФОРМАЦИЈА: Македонија нема да...

(Видео)МИЛОШОСКИ СЕ ЈАВИ ДИРЕКТНО ОД БРИСЕЛ СО ЕКСКЛУЗИВНА ИНФОРМАЦИЈА: Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите за ЕУ!

Во Јуни нема да има одлука за датум за преговори, затоа што Франција, Данска и Холандија сметат дека МК не е спремна и дека нема доволно добра имплементација на законите, посебно во областа владеење на правото и реформите во администрацијата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

„Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години“, порача Милошоски.