Милошоски: Со договорот што Заев го потпиша премногу се бараше од Македонија, а од Бугарија се бараше само поддршка за преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во вестите на телевизија Сител гостуваше Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. При своеото гостување посочи дека договорот со Бугарија носеше повеќе проблеми отколку решенија. Договорот Заев што го потпиша премногу бараше од Македонија, а од Бугарија само се бараше поддршка да ја даде за преговори со ЕУ, која што за жал денес ја нема.

„За мене блокадата не е изненадување, затоа што во јули 2017-тата година еден месец пред да се потпише овој договор со Бугарија побаравме и тогаш за чудо добивме средба со премиерот Заев на затворена комисија за надворешно политика во Собранието. Кажавме дека договорот таков каков што е, како нацрт договор тогаш може да создаде повеќе проблеми отколку решенија доколку се потпише. Предложивме пет точки како да се подобри тој договор. Но видовме дека господинот Заев е во ентузијазам на првите месеци како премиер, направи некои како да кажам можеби ПР стратегија за да се појави во Собранието без да земе предвид било кој од нашите забелешки и совети. Го потпиша договорот таков како што беше и денес сме сведоци дека таквиот договор создава навистина повеќе отворени прашања отколку решенија“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека првата забелешка беше во договорот да се вметне еден цивилизиран пристоен начин, формулацијата македонскиот народ и бугарскиот народ. Да се има една динстинкција и да се вметнат овие два термина во смисол на соработка и взаемно почитување.

„Да се вметне терминот македонски јазик кој што би бил спомнат надвор од контекстот на Усатвот, бидејќи македонскиот јазик не мора да значи дека е ограничен само со Уставот. Има Македонци што не живеат во Македонија, а сепак го говорат јазикот“, нагласи Милошоски.

Милошоски посочи дека во договорот треба да е изрично направена поделба помеѓу заедничката историја и посебниот дел на историја на двата народи. А, исто така нашата пратеничка група имаше забелешка дека договорот е премногу асиметричен. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This