дома Македонија МИЛОШОСКИ: Јасно е дека ова е политички нарачан процес

МИЛОШОСКИ: Јасно е дека ова е политички нарачан процес

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски, на денешната седница за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски рече дека се работи за очигледно политички нарачан процес.

-Во моментов обвинителството е продолжена рака на извршната власт. Сите кои не подржаа 2/3 пизмени во собранието се цел на обвинителството. Уште вчера еден од пратениците во комисијата за мандатни и имунитетни прашања кажа дека Вељановски е виновен. Прашањето сега е овде на дневен ред иако вчера комисијата не донесе одлуга, рече Милошоски.

Тој додаде дека власта нарачува вакви случаи за да ги покрие секојдневните скандали и непотизмит.