Милошocки зa диплoмaтскиот ckaндaл: Пpeтпocтaвyвам дeкa нapaчaтелот е aктyeлeн вo Македонија, и имa cилнa влиjaтeлнa пoзициja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Злоупотребена е дипломатската функција за да се упадне во суверенитетот на една држава, и осомничен човек за криминал кој веројатно понудил одредена сума на пари и за приватниот авион и за избавителите, тие ја злоупотребиле дипломатската функција вадејќи го од Ерменија, прекршувајќи ги сите Виенски конвенции за дипломатија и сите норми на однесување на еден дипломат, рече Милошоски за скандалот.

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милишоски објавува досега необјавен документ од крими аферата „ерменски дипломатски рекет“, во која своја улога имале МНР, МВР и АНБ.

Документот е допис од Бирото за јавна безбедност до МНР, во кое се бараат податоци за дипломатите поради сомнение за сторени кривични дела.

Милошоски истакнува дека ова е скандал без преседан, во кој македонски дипломати спротивно на сите меѓународни норми ја злоупотребиле својата функција, а Македонија е на потсмев на меѓународната јавност.

До сега не се случило освен државата да изнајми авион за некакви потреби државни, немало дипломат, ниту амбасадор кој бил во можност да изнајми приватен авион, затоа сметам дека овие тројца дипломати се само извршители во овој скандал во оваа ерменска рекет афера, а веројатно некој друг е нарачател, претпоставувам дека нарачателот е актуелен во Македонија, и има силна влијателна позиција, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека организирањето на ваквата операција, конекциите, логистиката, договарањето на сумата, веројатно ја водел некој друг кој им дал налог.

Видовме дека Македонија со овој скандал е најслабата алка во системот на Интерпол, бидејќи на меѓународно  докажани криминалци за трговија со дрога нарко босови им се давале македонски пасоши за да се избегнат тие потерници, а во овој случај системот бил унапреден со деливери систем, каде македонски патни исправи им биле давани на лица од Ереван и на истиот му било овозможено со приватниот авион кој овие дипломати го изнајмиле да замине во Виена и од тогаш му се губи трагата, вели Милошоски.

Милошоски објасни дека братот на 15-годишниот владетел на Ерменија е исчезнат. Левон Саргасијан во Ерменија е како Вице Заев во Македонија, и не се работи за случаен човек, брат на претседателот на Ерменија, каде по неговото заминување од власт обвинителството таму открива седум милиони долари на семејството кои не биле пријавени по ниту еден основ, против него се води постапка за перење на пари, а веројатно барал начин како од сето тоа да избега па стапил во контакт со македонската мисија во Виена.

Контактот е направен со Миле Миленковски тогашен дипломат и близок колега и пријател на сегашниот директор на АНБ Виктор Димовски, којшто тогаш беше државен секретар во Министерството за надворешни работи, вели Милошоски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This