дома Социјални Мрежи Милчин: Владата не ги чепка kpиминалците зошто некои се нивни, а некои...

Милчин: Владата не ги чепка kpиминалците зошто некои се нивни, а некои плаќаат pekeт

Режисерот Владимир Милчин ја критикува власта за укинатите дозволи за движење во полициски час за тие што викендов заминаа на вакцинација во Србија.

Владата тренира строгост кај што не треба. Ај нека тренира малку строгост кај криминалците од сите бои! Нив не ги чепка зашто некои се нивни, некои зашто плаќаат рекет. Браќа по оружје. За да нема мрчење: Не сум пријавен за вакцинирање во Србија!, порача на Фејсбук поранешниот извршен директор на Фондацијата „Институт Отворено општество – Македонија“ и некогашен член на Централниот одбор на СДСМ.