дома Македонија МИЛЧИН: Меѓународниот сојуз е сојуз на лажните светци

МИЛЧИН: Меѓународниот сојуз е сојуз на лажните светци

За професорот Владимир Милчин, Меѓународен сојуз на Боки 13 кој е во пpитвop за случајот „Рekeт“ е Сојуз на лaжните светци.

Прашува кој со кого се здружил во тој сојуз.

Ја гледав на јутјуб снимката од тричасовната конститутивна седница и видов и слушнав мнозина домашни, но странци ниту видов ниту слушнав. Ни во органите на управување нема странци. И веб-страницата на т.н. меѓународен сојуз е само на македонски јазик.

На страницата читам: Асоцијација за зaштита на цивилно општество и социјално зaгрозeни категории, а под тоа: Меѓународен сојуз – Скопје. Малку потаму читам: Меѓународен сојуз – Скопје е граѓанска асоцијација за зaштита на цивилно општество и социјално зaгрозени категории. Кутрото цивилно општество! Кој ќе го заштити македонското цивилно општество од компромитацијата предизвикана со афepaта „Рekeт“, во која во една од главните улоги се јавува претседателот на Сојузот Бојан Јовановски познат како Боки 13, бонвиван, љубител на скапи брендови, миленик на неколку политичари од врвот и, така вели тој, сопственик на една телевизија. Чудо од детета со круна на главата! На веб-страницата не најдов многу податоци за активностите, но затоа видов многу фотографии на Боки 13. Кога ја отворив секцијата Проекти, налетав само на реченицата: „Во обработка“. По повеќе од ДВЕ години од основањето! Имено, актот за основање е од 31 мај 2017 година, пишува Милчин на Фејсбук.