дома Македонија МИНИСТЕРКАТА МИЗРАХИ: Завршува времето кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее...

МИНИСТЕРКАТА МИЗРАХИ: Завршува времето кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари

Завршува периодот кога четири члено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари, порача на фејсбук техничкиот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Да не заборавиме дека секој орган на државната управа, како дел од извршната власт, е основан за областите и подрачјата кои се од значење за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица. Од нивната работа зависат илјадници човечки животи.

Ова е голема одговорност но и чест, бидејки малкумина од нас имаат можност во нивните животи да испишат историја. Завршува периодот кога четири члено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари.

Само со честитост, законитост и меѓусебно почитување може да се постигне тоа. Ние можеме и имаме доволно ресурси да успееме!! Мотивот е огромен, а предизвиците се пред нас!, напиша на фејсбук Мизрахи.