дома Балкан МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ НА СРБИЈА ЗА БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ НА ЗАЕВ: Тоа се...

МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ НА СРБИЈА ЗА БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ НА ЗАЕВ: Тоа се криминалци кои мислат дека ако ја напаѓаат власта може да прават криминал!

Има случаи кога луѓето кои се занимаваат со криминал мислат дека не може да бидат обвинети ако кажат нешто против власта, а направиле кривични дела и пред тоа и имаат намера да се занимаваат со криминал и во иднина, истакнува министерот за полиција Небојша Стефановиќ, по повод апсењето на бизнис и рекет партнерот на пријателот на Заев, Александар РОдиќ. Тој воедно бара подддршка од граѓаните и медиумите

Министерот за внатрешни работи Небојша  Стефановиќ истакнува дека полицијата е подготвена да одговори на сите предизвици и на сите кампањи против професионалците во МВР.

“Кога се случуваат различни сценарија, како во случајот на изнуда на Дејан Анѓуш, кога се приведуваат лица кои се сомничат за такво нешто, тргнува кампања, приказни дека пликот е тенок, дека е празен и во него нема пари, а потоа се појавуваат парите, дека имало , а тоа е огромна  сума и тоа е само 20-ти дел од сумата која ја барал од тој човек“ – изјави  Стефановиќ во Дневникот на РТС.

Наведува дека не е во прашање само случајот со Дејан Анѓуш. „Тоа е сценарио кое се повторува и затоа барам поддршка од целото општество и медиумите бидејќи тие некогаш малку застрануваат и почнуваат да ги бранат оние кои работат од другата страна на законот- изјавува српскиот  министер.

Тој наведува дека има случаи кога луѓето кои се занимаваат со криминал, кажуваат нешто против на пример Александар Вучиќ или против власта и сметаат дека тогаш неможат да бидат гонети за кривични дела.

“Бараме поддршка од општеството и медиумите, тоа е единствен начин да се заштитиме од рекетарите-заклучува Стефановиќ.

Вишиот суд во Белград  вчера по предлог на обвинителство одреди притвор од 30 дена за телевизискиот новинар Дејан Анѓуш кој се сомничи дека извршил кривично дело изнуда.

Уапсен е во моментот на примопредавањето на парите.

Инаку, Дејан Анѓуш е личен пријател, бизнис и рекет партнер на Александар Родиќ, кој пак е сопственик на српски Курир.рс, но и македонскиот весник „Слободен Печат“ во кој Бранко  Геровски.

Родиќ беше маркетинг консултант на СДС и Зоран Заев, но и почесен гостин во Владата на Р.Македонија.