дома Политика МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ТЕРА КАМПАЊА: Што бара министерот за внатрешни во штаб...

МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ТЕРА КАМПАЊА: Што бара министерот за внатрешни во штаб на партија, водејќи кампања?!

СДСМ продолжува да го злоупотребува целиот државен апарат во изборни цели. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, и во последниот дел од изборната кампања продолжи да парадира со кандидатите на СДСМ, директно мешајќи ја партијата и државата и злоупотребувајќи ја својата позиција на министер во партиски цели.

Спасовски денеска заедно со кандидатот на СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумоски беше во посета ромското маало во населбата „Даме Груев“ во Ѓорче Петров, а Наумоски за тоа дури и јавно се пофали на својот Фејсбук профил. Откако пред неколку дена директно од врата на врата агитираше со кандидатот од Кисела Вода Филип Темелковски, Спасовски денеска заедно со Наумовски оствари средби во ромското маало.

-Денеска заедно мојот тим и потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, се сретнавме со жителите на ромското маало во Даме Груев, напиша Наумоски на социјалните мрежи.

Ваквото мешање на партијата и државата, претставува еклатантен пример за злоупотреба на државниот апарат во партиски цели. Од сите министри во Владата, Наумоски денеска се реши во ромското маало да се појави со првиот полицаец и секако тоа не е случајно и се поставува прашањето дали истото значи суптилен притисок кон гласачите од ова населено место, кои важат за чесни и достоинствени луѓе.

Жителите на ова ромско маало се интелигентни луѓе, кои без никакви притисоци треба да одлучат за кого да го дадат својот глас на изборите во недела. Дали обидот на Наумоски и Спасовски е само уште еден во серијата очајни потези на власта да влијае на изборниот процес, прашање кое логично се поставува поради присуството на министерот за внатрешни работи на само еден ден пред избори.

Лентата со која СДСМ упорно „верглаше“ пред да дојде на власт, дека претходнaта власт не  ја раздвојувала државата од партијата, сега на голема врата го промовира како некоја традиционална вредност.

Прво, протестираа и злоупотребуваа секакви можни сценарија за наводно погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ која под опсада го држел целиот народ,  бидејќи не постоело јасна дистинкција помеѓу партиските и државните активности, за сега да ни ги покаже „транспарентно“, нејзините манипулации.

Слика која секојдневно се повторува во текот на предизборната кампања е како министри од Владата на СДСМ, државни службеници, директори и разни други функционери, во работно време и со државни ресурси учествуваат митинзи на својата партија. Оттука се поставува и прашањето дали можеби кандидатите на СДСМ за градоначалници стојат толку лошо, па потребен е дополнителен притисок и ветер во грбот на ваков начин?

Амбиентот е засилен со уште позастрашувачки момент, кога кандидати на СДСМ за градоначалници, одат од врата на врата, дома кај гласчи во придружба со министри да агитираат за нивни гласови.

А, предничи, секако, не кој било министер, туку лично министерот за внатрешни работи, првиот полицаец во државава, Оливер Спасовски.

Каква порака сака да им се даде на граѓаните со ваквиот начин на водење кампања?

Покажување на моќ, сила и дискретно заплашување се методите кои од стартот ги користи новата влада на Зоран Заев. Методи кои секаакао не одат ниту во нејзина корист, ниту во корист на државата со сите битни препораки кои политичарите се обврзаа дека ќе ги исполнат во корист на придвижувањето на Македонија кон ЕУ.

Се’ што се ветуваше и за што веројатно само деклративно се заложуваше новата власт, се покажа како голема лага. Сега, никој не ги споменува ни препораките на Прибе, во сегментот на раздвојување на државата од партијата.

Нешто што сега толку елоквентно се спроведува, на очиглед и на целата стручна јавност која претходно беше толку загрижена во која насока се движела државата.

Но, веројатно кога си главен во играта, правилата и не мора да важат за тебе.

Освен Спасовски, на терен во предизборната кампања учествуваше и министреката за одбрана, Радмила Шекеринска, која ја поддржа кампањата на ДУИ во Тетово. Вицепремиерот Кочо Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.
А, подршка за Јовановски не изостана ниту од Министреот за надворешни работи, Никола Димитров.

Злоупотребата на државните институции од страна на СДСM во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема, и сите ресурси на МВР се ставени во функција на  кампањата, обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој факт го потврдува и советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, за кој медиумите објавија дека во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДСМ. Тој во Ранковце пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време.

Грубо прекршување на Изборниот законик од страна на СДСМ се повторува и во Струмица. Изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под општината.

Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Неодамна беше објавено и дека вработени од јавното кумановско претпријатие „Чистота и зеленило“ биле пронудени во текот на работното време да делат фралери и пропаганден материјал за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, пратеникот Максим Димитриевски.

А, пак, кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски,  кампања води со министерот за финансии  Драган Тевдовски.