Министерот за одбрана на Израел Авигдор Либерман ги повика своите сонародници кои живеат во франција да ја напуштат таа земја, и тоа во пресрет на конференцијата за блискоисточен мир, соопштува ,,Ерусалим пост“.
„Дојде времето кога Евреите треба да ја напуштат Франција“ -тоа не е Ваша земја, време е за заминување“ изјави Либерман.
Либерман таа конференција ја окарактеризира како ,,трибунал против Израел“, чија цел е да се нанесе штета на земјата и нејзиниот статус.
Во Јануари во Парис ќе биде организиран Форум кој, според организаторот, треба да ги реанимира палестинско-израелските мировни процеси. Воедно, Израел одби да учествува на таа конференција и ја замоли Франција да не ја одржува истата.