дома Земјоделство МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ВО ТРАНС НА,,ВОЛИШ ЛИ МЕ’’ ОД АЦА ЛУКАС : Земјоделците...

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ВО ТРАНС НА,,ВОЛИШ ЛИ МЕ’’ ОД АЦА ЛУКАС : Земјоделците се соочуваат со големата земјоделска криза

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски е снимен на видео како се забавува со свои пријатели во ноќен клуб во Скопје.

Додека субвенциите за земјоделците се кратат, а за наредната година Владата вели дека ќе добијат само оние со поголем принос, министерот Николовски се журка во диско.

Од видеото објавено од порталот засе.мк се гледа како министерот за земјоделие Љупчо Николовски се забавува на песната „Волиш ли ме“ на српскиот пејач Аца Лукас.

На министерот Николовски во случајов не може никој да му забележи за тоа што се забавува па дури и на обскурни стихови како тие на Аца Лукас затоа што негово право е слободното време да си го организира како што сака.

Морална дилема во врска со неговото забавување може да се постави само поради кршење на законот за пушење од страна на негови пријатели во клубот. Кога Николовски се забавува, законот за пушење очигледно не важи.

Стиховите на песната на Аца Лукас во оригинал:

Voliš li me kad sam mrtav pijan
voliš li me kad pravi sam grubijan
voliš li me kad okolo se kurvam
i zdravlje zbog mene zauvek izgubiš
Reci mi da me voliš

Земјоделците во лице на Љупчо Николовски: Зошто нè излажавте дека ќе ни дадете поголеми субвенции? (ВИДЕО)

Министерот за земјоделство во владата на Зоран Заев, Љупчо Николовски, се соочи со револтот на земјоделците.

Тој неодамна излезе на терен, но производителите на ориз јасно му порачаа дека тој досега ги лажеше и веќе нема да му веруваат. Кога земјоделците сакаа да му постави прашање тој се обиде да избегне велејќи „Мора да одиме“.

Но овие луѓе кои напорно работат сепак му ги посочија проблемите на Николовски иако тој немаше одговор за нивните прашања. Беше затечен што е фатен во сопствените лаги.

-Вие ни рековте дека само што ќе дојдете на власт цената на оризот ќе биде 25 денари арпата, 50 белиот ориз. Тоа е уште една ваша лага! Кажувам пред сите, вие лично на мене ми рековте, истакна еден производител на ориз.

Министерот се обиде да се извлече од ситуацијата негирајќи ги своите изјави, но земјоделците имаа сочувано плакати кои СДСМ ги објави во предизборието и каде им го дава ова ветување.

Друг производител на ориз побара помош од Николовски, но тој немаше одговор.

-Вие ветивте и луѓето стојат зад тоа. Ајде да видиме до кој степен сме дојдени. Ние сме доведени на питачки стап. Се е уништено, се е катастрофално. Срамота е ова што го жнееме да го покажеме како ориз. Срамно и жалосно е тука да се сликаме. Имате ли вие нешто на тоа поле за нас земјоделците да се произнесете, праша друг производител на ориз.

Николовски се обиде да избегне одговор кажувајќи дека кај нив е дојден од друга причина.

-Ние денес сме тука на покана на општината во рамки на оваа значајна и убава манифестација, рече тој.

Соочен со револтот на земјоделците, министерот поставен од Заев на крајот на средбата ги понижи овие граѓани кога со повишен глас им се обрати. По викањето кон нив, само се сврте и си замина.

The Loft: Министерот Николовски со џет сетот во елитниот ресторан до сабајле, земјоделците во очај и без пари (ФОТО)

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски продолжува со лесниот живот во најелитните ресторани, додека земјоделците се соочуваат со големата земјоделска криза.

Николовски се сликаше од проводот во еден од најелитните скопски ресторани “The Loft”, каде што може да се видат многу познати личности од џет сетот.

Елитниот ресторан The Loft се наоѓа на покрив, на врв на зграда, а од таму се гледа центарот на Скопје. Ресторанот има стриктна политика за влегување, а од гостите се бара дрес код “smart casual”, со особен акцент на познати и скапи брендови.