дома Македонија МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ СО РЕАКЦИЈА ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унијата ги стави ситните лични...

МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ СО РЕАКЦИЈА ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унијата ги стави ситните лични интереси во прв ред!

Еден пријател, европратеник вели: „Најголема опасност за ЕУ е тие кои ја претставуваат, да заборават на вистинската цел и вредностите зад кои стои Унијата, а да ги заменат со ситни лични цели“, напиша министерот за надворешни работи Никола Попоски на својот Фејсбук профил.

Пратеник во Европскиот Парламент се загрижи само за правата на Бугарите во Албанија.
Имал избор да се заложи за вистинските вредности на Унијата. Неселективно. Ќе и помогнел на Албанија да се приближи до европските вредности и да ги унапреди човековите права. Но, немало да се испушти никако дека таму има Македонци, Грци, Власи, Срби, Роми… кои се самосвесни, напиша Попоски и додаде:
Ова можат да го надминат ако сакаат. Тоа ќе биде за нив, за сите заедници таму и над се, за ЕУ. И сигурно ќе биде покорисно од домашна политичка реклама.