МИНИСТЕРОТ РИСТОВСКИ НА ФЕЈСБУК: Ветивме и ќе го одржиме зборот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унапредувањето на студентскиот стандард е еден од нашите врвни приоритети. Тоа го потврдивме со бројни досега реализирани и тековни проекти, системски мерки и активности кои значат олеснување на студентскиот живот и делување, пишува заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на социјалната мрежа Фејсбук.

spiro-ristovski

-Во оваа насока, особено сме посветени на квалитетот и условите за студентското сместување. Актуелната Влада е единствената која има направено сериозни инвестиции во изградба на нови и во реконструкција и опремување на постојните студентски домови. Досега се вложени 5 милиони евра.Една од низата активности кои се дел од нашиот инвестициски план во следниот период е и набавката на перални и сушални, за што сакам да информирам дека тендерот за набавка е веќе објавен на системот за јавни набавки. Ќе бидат набавени вкупно 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење со капацитет до 10 килограми, кои ќе работат на систем на жетони, вели Ристовски.

spiro-fb

Јавното отворање на понудите е закажано на 9.11.2016 година.

-По целосно завршување на постапката согласно Законот за јавни набавки, истите ќе бидат инсталирани во 10те државни студентски домови и согласно очекувањата, достапни за студентите на почетокот на следната 2017 година. Ветивме и ќе го одржиме нашиот збор, заклучува заменик министерот за образование и наука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This