Министерството за здравство пoтфpли во справувањето со кoрoнaвиpycот затоа што дозволи да се замеша политиката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство сосема потфрли во справувањето со пандемијата за корона вирусот. До моментот кога на Влада им беше битно здравјето на граѓаните некако се справуваа добро, но од моментот кога политиката се замеша во здравството, затоа што на некој му се одеше на брзи избори, ситуацијата почна да се влошува.

Ова го истакна Никола Мицевски, пратеник и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емијијата „Стадион“ на Канал 77, кој додаде дека уште на почетокот со првите случаи државата не успеа да ги карантинира лицата кои влегуваа во Македоја од кризните жаришта и кои практично го донесоа вирусот.

– Министерството за здравство целосно потфрли со справувањето на пандемијата со корона висрусот. На самиот почеток, државата не успеа, карантински да ги смести првите кои што влегоа во Македонија и кои што го донесоа вирусот. Ние знаевме какде е Италија и дека наши граѓани живеат и работат таму. тоа требаше да се случи со сите кои што влегуваат во државата, а иисто така да не заборорави и докторката, односно директорката на кожна клиника, која организираше семинар, која што претходно беше на скијање во Инталија, рече Мицевски.

Тој исто така посочи дека во почетокот на пандемијата здравствените работници беа изложени на огремен ризик од зараза со Ковид-19 затоа што немаа соодветна заштитна опрема.

– Дополнително, на почетокот на пандемијата, во здравството фалеше соодветна заштитна опрема. На почетокот граѓански здруженија, невладини организации и волонтери сами изготвуваа заштитна опрема која што се делеше во приватното и во јавното здравство. За тоа има и благодарности на социјалните мрежи и тој факт не можеме да го заборавиме, додаде пратеникот Мицевски.

Мицевски додаде дека до моментот кога властите во државата мислеја на здравството и на здравјето на граѓаните, справувањето со кризата добро им одеше, но кога некој посака да оди на избори ситуацијата ескалираше.

– До моментот кога во државата се мислеше на здравството, до дој момент до некаде функционираше справувањето корона вирусот. Во моментот кога почнаа стикерите „слушај го Венко“, кога влезе политиката во здравството а не се остави да решаваат здравствените авторитети во државата, тогаш почнаа да настануваат проблеми. Затоа што некој во држава се спрема да оди на брзи избори, за кои нема да има услови да се реализираат и да излезат гласачите на гласачките места, успеа да ја убеди Владата да изгласа сосема различно решение од она што го препорачуваа од Комисијата за заразни болести, при што наеднаш ги укинаа сите рестриктивни мерки, рече Мицевски и додаде дека не може на Власта крив да им е министерот за внатрешни Наќе Чулев кога во Македонија имаме по 170 нови заразени на ден од корона а и затоа што имаме најдолема сртност од сите земји во регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This