March 29, 2024, 12:58 am

Министерство за здравство информира дека го користи системот „Мој термин“ за апликациите за вакцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19.

Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата. – Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19.

Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем „Мој Термин“.
Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина, информира Министерството за здравство.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.

– Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Македонија. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против Ковид-19. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини, информира Министерството за здарвство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This