дома Македонија МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Во текот на наредната недела ќе биде поставена тројазичната...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Во текот на наредната недела ќе биде поставена тројазичната табла

Од Министерството за финансии информираа дека во однос на постапката за менување на огласните табли на Министерството за финансии кои треба да бидат тројазични, сакаме да ја известиме јавноста дека тендерската постапка која ја спроведува Службата за општи и заеднички работи, е завршена.

–Ве известуваме дека во соработка со СОЗР, тројазичната огласна табла на Министерството за финансии на македонски, албански и англиски јазик, ќе биде поставена во текот на наредната недела – посочија од министерството.