Министеpcтвo зa здpaвcтвo: Дeнecкa пpeкy Koвакс мехaнизмoт ќe пpиcтигнaт 110.612 вakцини „Фajзep“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек”, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот.

До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек”.

Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски.

Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This