дома Свет МИРОВЕН ПЛАН ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК: Америка по Рамазан ќе го објави планот...

МИРОВЕН ПЛАН ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК: Америка по Рамазан ќе го објави планот за Блискиот Исток, на Палестинците нема да им се допадне

Администрацијата на Доналд Трамп планира да го претстави мировниот план на Блискиот Исток следниот месец, објави АП.

Според агенцијата САД, би можеле да скрати милиони долари помош за хуманитарни и развојни проекти во Западниот Брег и во Појасот Газа наменети за Палестинците.

Пет американски претставници и еден помошник во Конгресот на САД, изјавија дека американската администрација планира да го претстави планот до крајот на јуни, по Рамазан, но истакна дека тоа е можно е одолговлечување на претставувањето на планот, пренесува АП.

Агенцијата вели дека треба да се подобрат условите за Палестинците за тие да го земат во предвид овој план, што е малку веројатно.