дома Локално МИСАЈЛОВСКИ:Распишан тендер за реконструкција на три улици во општина Ѓорче Петров

МИСАЈЛОВСКИ:Распишан тендер за реконструкција на три улици во општина Ѓорче Петров

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денеска е распишан тендер за реконструкција на дополнителни три нови улици во општина Ѓорче Петров.

Уште една добра вест за жителите на општина Ѓорче Петров. Денеска распишан е тендер за реконструкција на дополнителни три нови улици и тоа: улица „Браќа Чакреви“ во должина од 320 метри каде покрај реконструкција ќе се постави и атмосферска канализација и ќе се изврши осветлување на истата, потоа улицата „Гостиварска„ во должина од 237 метри и улица „Атанас Коцарев„ во должина 360 метри. Средствата за реконструкција на улиците во висина од 15 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски а проектот ќе се реализира во соработка со општина Ѓорче Петров. Освен реконструкцијата на овие улици, во моментов се гради и канализацијата во Волково инвестиција од 34,5 милиони денари како и реконструкција на над триесетина улици што беа зафатени од поплавите. Со овие инфраструктурани проекти општината Ѓорче Петров ќе ја направиме подобра општина за живеење, пишува Мисајловски на Фејсбук.