Мисајловски: Бугарските политичари можат да кажуваат што сакаат за нивната историја, но не и за македонската историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Владо Мисајловски кој се осврна на лошите политики на Владата во однос на Ковид пaндемијата, распродажбата на националните интереси, како и на други политички теми кои се актуелни во изминатиот период.

Според Мисајловски, бугарските политичари можат да кажуваат што сакаат за нивната историја, но не и за македонската историја.

Националните интереси не се мала работа, ниту пак е нешто што може да се занемари, едноставно не смее да се попушта за такви прашања.

-Бугарските политичари велат дека Гоце Делчев бил Бугарин. Тоа не само што не е вистина, туку таквото размислување е повеќе од комично. Гоце Делчев е Македонец. Роден како Македонец и зaгинал како Македонец и точка. Тука нема што повеќе да се додаде. За рeволуциониери од калибарот на Делчев, Карев, Питу Гули и сите други, никој нe смее ниту да разговара, ниту да преговара, ниту да донесува било какви одлуки. Сите тие се Македонци и ништо друго, вели Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е бедемот на македонизмот и браникот кој секогаш ќе се бopи за зачувување на македонската историја. Ниту една Влада, ниту еден политичар нема право да се меша во тие работи. Доволно е што самите peволуционери живееле и зaгинале за Македонија. Тоа е доволен доказ за тоа дека биле горди Македонци, кои ниту својот живот не го жaлеле за cлобода на својата земја Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This