Мисајловски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се трудат со сѐ повеќе проекти да покажат дека заслужуваме да ја водиме државата и во најтешкото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“ во Алфа телевизија, пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, истакна дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се трудат со се повеќе проекти да покажат дека заслужуваме да ја водиме државата и во најтешкото, а СДСМ бира нова структура само да ги заштити досегашните функционери и нивниот криминал.

Мисајловски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е различно, дека филмот кој власта сака да го пропагира дека сите се исти не е така, а новите градоначалници и нивното работење се доказ за тоа дека сме различни.

-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се трудат секој ден со се повеќе проекти сакаат да покажат на народот дека заслужуваме да ја водиме државата и во најтешкото, затоа што знаеме како, имаме многу голем кадар и нови луѓе, а од друга страна СДСМ ќе се „испотепаат“ внатре да бираат нов лидер, за да се договорат кој ќе го заштитува Заев, кој ќе ги заштитува еден куп министри од власта кои направиле тон глупости и криминал во земјава, вели Мисајловски.

Мисајловски посочи дека целта е со новата структура која ќе биде во СДСМ да ги заштитат и да ги задржат удобните позиции, а да ги немаат функционерските позиции оние кои се сега во власта, па обидувајќи се да креираат нова „Квазимодо“ влада, но граѓаните увиделе дека оваа власт едноставно не ја бидува.

Мисајловски им порача на партиите со кои власта се договара да не влегуваат таму каде знаат дека ќе биде полошо и ќе и овозможат на власта само да им течат тендерите и да удира по обичниот народ, а удираат и кон новинарите, вели Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This