Мисајловски за енергетската криза: Државата да им помогне на граѓаните и компаниите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државата да им помогне на граѓаните и компаниите, тоа се нашите две барања околу одржување на собраниска седница поврзана со енергетската криза, истакна вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски.

-Денеска јас на прес конференција упатив две барања да се одржи седница, во Собранието да се продолжи кризната состојба, зборувам за енергетската, каде што ќе дадеме 250 милиони евра Владата да ги обезбеди, за да им се помогне на граѓаните, директно на сметките и да им се помогне на компаниите, директно за компаниите. Ако од 1-ви се покачат сметките за 20-25% и повеќе, државата да има доволно средства да им даде на граѓаните и на компаниите, истакна Мисајловски.

Мисајловски исто така рече дека потребно е да им се помогне и на општините, без разлика која политичка партија раководи со истите.

-Исто така и второ барање што го доставивме, и што е многу важно многу општини имаат склучено договори со оператори за струја. Имаат склучено за една цена, па потоа им го раскинале договорот и им бараат нов договор за многу повисока цена и за таа разлика да може и на општините да им се помогне, независно дали се општини од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, народ е народ во секоја општина и да им се помогне подеднакво, рече Мисајловски.

Мисајловски исто така појасни дека во моментов власта нема кворум во собранието и затоа тие побараа свикување на седница токму со овие две барања, бидејќи балансот на пратеници во Собранието е 60-60.

-Денеска јас имав еден прес, но исто така и претседателот на партијата, и останатите пратеници што го говориме, денеска дадовме конкретни предлози, бидејќи моментално во Собранието нема кворум, тоа треба да го знае целиот македонски народ. Денеска не може да се одржи седница, бидејќи 59 пратеници има власта, еден киндапиран европеец, но и со него билансот е 60-60, и затоа не можи да функционира Собранието, вели Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This