дома Политика МИСАЈЛОВСКИ: Многу партии кои се премногу рaзочaрaни од Заев доаѓаат...

МИСАЈЛОВСКИ: Многу партии кои се премногу рaзочaрaни од Заев доаѓаат кај нас

Вратата нема да биде отворена за сите бидејќи не може секогаш кога ќе осетат дека некој доаѓа на власт да се приближуваат кон него и веднаш тоа да го прават бидејќи сме огopчeни низ процесите кои што се случија последниве години. Видовме дека имаше предавства кон ВМРО-ДПМНЕ и треба да бидеме внимателни. Добро е што многу партии доаѓаат кај нас, а кој се премногу рaзочaрaни од Заев, но набрзо ќе го направиме форматот и ќе излеземе со листата, вели во интервју за порталот Република, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Сепак, треба да го прашаме нашето членството, да ги прашаме граѓаните, не е само да се донесе брза одлука која потоа ќе биде на штeта на ВМРО-ДПМНЕ. Разговараме и со албански партии, но ние не сме како Зоран Заев да ветуваме дека сме мултиетничка партија, ние сме македонска партија за сите граѓани и тоа што го ветуваме ќе биде за сите подеднакво во цела Македонија, потенцира Мисајловски.