дома Македонија Мисајловски од Инџиково – Обновата ќе стигне насекаде

Мисајловски од Инџиково – Обновата ќе стигне насекаде

По средбата со жителите на населеното место Железара, заедно со кандидатите за пратеници во И2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски се упативме на средба со жителите на населеното место Инџиково.

Ја посетив и црквата “Свети Ѓорѓија” која претставува посебна убавина каде што жителите од ова место ги прославуваат празниците и убавите моменти. Луѓето тука велат дека долги години не дочекале да се реализира некој инфраструктурен проект кој би бил од големо значење на населението. Недвосмислено сакаат тоа да се промени и во Инџиково да се инвестира и да се реализираат проекти.

Затоа, жителите на населеното место Инџиково го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе го покажат на денот на изборите.

Се обврзавме да ги исполниме проектите кои се наоѓаат во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се однесуваат на овој дел од општина Гази Баба.

Обновата ќе стигне насекаде!

#ОбноватаДоаѓа #ИсправиСеМакедонијо